Езгјан Алиоски вчера ги одигра првите минути во дресот на Фенербахче во првенството на Турција и одлично се претстави пред домашната публика со прекрасен гол за 4-2 и потврда на победата против Адана Демирспор.
„Прв пат играм пред домашната публика и морам да признам, навивачите беа извонредни. Ова е нешто што не се опишува. Тешко е да кажам какво е чувството на својот прв меч да дадеш гол пред своите навивачи“ – вели Македонецот.
„Многу сум среќен што дојдов во Фенербахче, постоеше можност да се преселам тука и минатото лето, но тогаш ништо не се случи. Но кога верувате дека нешто може да се случи, сигурно ќе се случи! Еве сега сум тука“.
Езгјан Алиоски потоа даде замерки за однесувањето на дел од противниците: „Денеска, неколку играчи на противникот ги провоцираа нашите навивачи. Мислам дека тоа не е убаво, не е професионално. Тоа е против спортскиот дух“.