103
По многу
шпекулации за иднината на Езгјан Алиоски, Фенербахче вчера соопшти дека начелно
е договорена позајмица на Македонецот.
„Имав понуди од
Турција и Европа, но можам да кажам дека Елиф Елмас ме убеди да се преселам во
Фенербахче“ – вели левиот бек.
Според пишувањата
на Фанатик, Фенербахче се сложил во целост да ја покрива платата која ја имаше
Езгјан Алиоски во Ал Ахли, па Македонецот и во Истанбул ќе продолжи да
заработува 2,5 милиони евра по сезона.