Александар Мишов прв го продолжи договорот со Тиквеш

by 24 фудбал
1 минути читање

Тиквеш ја стартува летната реконструкција со потпис од Александар Мишов. Кавадарчани објавија дека ја продолжуваат соработката со офанзивецот, кој останува дел од тимот и во новата сезона.

Мишов е првиот фудбалер што го продолжува договорот по завршувањето на сезоната во која Тиквеш го осигура опстанокот во елитата во самиот финиш. Сега клубот ќе се обиде да направи чекор напред и да атакува на повисоки цели.

26-годишниот Мишов веќе добро им е познат на навивачите, ова ќе му биде трет мандат во дресот на Тиквеш. Во кариерата има настапувано и за Брера Струмица (Академија Пандев), Борец, како и надвор од Македонија – во Бугарија за Етар, во Казахстан за Туран и во Грузија за Самтредија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани