Алегри одговори на критиките: Нема да ја драматизираме ситуацијата

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на италијанскиот првак Јувентус, Масимилијано Алегри возврати на
критиките на јавноста откако неговиот тим загуби убедливо од Аталанта во Купот
на Италија со 3-0, тој вели дека
фудбалот не е плејстејшн и тоа било само пораз, и ништо повеќе од тоа.

Перформансите на
Јувентус за момент потфрлијаа во Бергамо сето тоа се рефлектираше во негативна
конотација за Старата Дама, Алегри вели дека не треба да се драматизира од таа
ситуација.

Ние нема да ја
драматизираме ситуацијата, изгубивме само еден меч. Аталанта и Лацио имаат исти
перформанси како екипи, но, во Рим ја завршивме успешно работата бидејќи
немавме негатива од 2-0, но, во Бергамо работите тргнаа на полошо
“ истакна
Алегри потсетувајќи на победата со пресврт кај Лацио во Серија А претходниот
викенд, а за момент ги коментираше и амбициите во Лигата на шампионите.

Фудбалот не е
плејстејшн, ние мораме да се обидеме да победиме, се обидовме и во претходните
сезони, но, за да успеете потребни ви се и среќа, но и вештина
“ заклучи Алегри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани