Медиумите од Италија пренесуваат дека „пукнала тиквата“ помеѓу Златан Ибрахимовиќ и Макс Алегри, па стратегот може да го напушти Милан по крајот на сезоната.
„Росонерите“ можат од готово да направат вересија и да останат без настап во Лигата на шампиони, па серијата лоши резултати донесе тензија кај раководството на клубот.
Изминативе денови се говореше дека може да замине спортскиот директор Игли Таре, а се ниша и столчето на генералниот извршен директор Џорџо Фурлани.
Последните информации велат дека и Макс Алегри се наоаѓа на излезна врата, „пукнала тиквата“ помеѓу тренерот и Златан Ибрахимовиќ.
Како што пренесува Кориере дела Сера, двајцата не сакаат да се видат, а нетрпението кулминирало на почетокот од април месец и поразот од Наполи.
Жестоката расправија следувала поради банална причина, кој требал да биде третиот голман за сезоната 2026/27, но проблемите биле подлабоки.
Макс Алегри бил разочаран кода дознал дека Златан Ибрахимовиќ е во постојана комуникација со Антонио Касано, еден од најгласните и најжестоките критичари на Милан.
Дополнителен проблем било тоа што Ибрахимовиќ директно комуницирал со дел од играчите, меѓу кои Фофана и Леао, и им давал тактичко совети, нешто што Алегри го сметал за мешање во неговата работа.