Бекот на
Барселона, Жорди Алба инсистира на тоа дека посакува да остане на Камп Ноу, но,
признава дека нема претстава за тоа какви се намерите на клубот по прашањето за
евентуален нов договор и продолжување на соработката помеѓу обете страни.
Договорот на 29
годишниот Алба истекува за 18 месеци, и покрај тоа што е во одлична форма и
воедно е прва опција за таа позиција, Каталонците се уште не се произнесле
околу ова прашање.
„Ситуацијата
останува иста, но, не ги знам позициите на клубот по ова прашање“ рече Алба
потврдувајќи уште еднаш дека сака да остане, но, засега не ги знае идеите на
клубот.
„Не знам дали
клубот сака да ми го продолжи договорот, или не сака, не сум слушнал ништо
околу тоа, тоа е ситуација која јас едноставно не можам да ја контролирам“
посочи тој.
„Јас сум
фокусиран на натпреварите, сакам да останам и мислам дека играм во солидно
издание, но, тоа е се’ што
можам да го кажам во моментов“ заклучи Алба.
Актуелниот
договор на левиот бек истекува во јуни идната година, а во истиот има откупна
клаузула во висина од 150 милиони евра, но самиот Алба посакува нов, а воедно и
финансиски подобар договор со клубот.