По разочарувачкото
реми од 0-0 против Хал, шестто на Олд Трафорд, Жозе Мурињо бара од своите играчи
да постигнуваат повеќе голови.
Манчестер
јунајтед до овој момент има постигнато 33 погодоци на 23 натпревари во
Премиерлигата, 12 помалку од било кој ривал од топ 6 на табелата, но лошата
статистика не застанува тука.
„Црвените Ѓаволи“
имаат промашено 29 чисти шанси пред гол, повеќе од било кој друг тим во
првенството.
Исто така,
избраниците на Жозе Мурињо имаат реализирано само 8,4% од 391 удар упатен кон
голот.
Златан
Ибрахимовиќ можеби е извонреден со 14 погодоци зад своето име, но другите
играчи од форот потфрлија.
Следен на листата
е Маркус Рашфорд со 3 погодоци, капитенот Руни има само 2, исто колку и Антони
Марсијал.
„Се сложувам дека
не постигнуваме доволно погодоци” – вели Жозе Мурињо.
„Треба да
постигнуваме повеќе голови. Доколку го погледнете бројот на постигнати
погодоци, тој не е во соодност со нападите кои ги имаме”.