Ал Наср му нуди 100 милиони евра на фудбалер на Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање
Реал Мадрид, Ридигер

Ал Наср може да остане без дефанзивецот Ајмерик Лапорт, па го идентификувал Антонио Ридигер од Реал Мадрид како потенцијална замена и му нуди 100 милиони евра за четиригодишна соработка.

Ајмерик Лапорт сака да се врати во Европа, Атлетико Мадрид пројавува интерес за неговите услови, па Ал Наср може да биде принуден да ангажира нов дефанзивец.

Како што пренесува „Ел Чирингито“, тимот на Кристијано Роналдо го идентификувал Антонио Ридигер како потенцијално засилување.

Ал Наср го примамува Германецот со 100 милиони евра за четиригодишна соработка.

Тоа значи плата од 25 милиони евра по сезона, што е двојно повеќе од она што Антонио Ридигер го заработува во моментов во Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани