Aл Наср лесно до четвртфинале од Лигата на шампионите, Роналдо дојде до 927 гола во кариерата

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Ал Наср славеше победа од 3-0 против Естегал во рамките од азиската Лига на шампиони и така се пласираше во четвртфиналето од ова натпреварување.

Резултатот го отвори Џон Дуран во првото полувреме, а потоа на сцена стапи Кристијано Роналдо о погодокот во 27 минута од пенал. Овој гол за Португалецот беше 927 во неговата кариера.

Конечните 3-0 ги постави Дуран со својот втор гол на шест минути пред крајот на истекот на регуларните 90 минути.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани