Ал Наср испадна од кралскиот куп на Судиска Арабија, Роналдо имаше аматерско промашување! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Ал Итихад со 2-1 го победи Ал Наср, Карим Бензема ја доби битката со Кристијано Роналдо кој имаше едно огромно промашување на натпреварот.

Тоа беше дерби дуел меѓу Ал Наср и Ал Итихад и дуел меѓу поранешните соиграчи од Реал Мадрид, Карим Бензема и Кристијано Роналдо.

Бензема погоди во 15. минута за водство на Ал Итихад од 1-0, во 30. минута Анџело израмни на 1-1.

Во судиското продолжение од првото полувреме Аоар го врати водството на Ал Итихад.

Од 49. минута Ал Наср играше со фудбалер повеќе откако Ал Јулајдан заработи црвен картон, но ниту тоа не им помогна да се спасат од пораз.

Резултатот можеби ќе беше поинаков доколку Роналдо дадеше гол кога излезе еден на еден со противничкиот голман, но Португалецот се посрамоти.

Можеби беше и во офсајд, но тоа ќе се проверуваше доколку дадеше гол, играта во овој случај продолжи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×