Кристијано
Роналдо реши кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија, очигледно понудата
на Ал Наср од 200 милиони евра по сезона тешко се одбива.
Се чини дека само
прашање на време беше кога и Лео Меси ќе почне да се поврзува со преселба во
оваа земја.
Мундо Депортиво
објави дека Ал Хилал, лутиот ривал на Ал Наср, сака да го донесе Аргентинецот
во своите редови, ова го потврдиле два различни извори.
Ал Хилал е подготвен
да го засени својот ривал и на Лео Меси да му понуди годишна плата помеѓу 300 и
350 милиони долари (277 и 322 милиони евра), и да го направи напаѓачот поплатен
и од Кристијано Роналдо.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.