Ал Ахли го нуди Алиоски плус пари за да стигне до талентиран Саудиец од Ал Шабаб

by
1 минути читање

Езгјан Алиоски
беше стартер на сите три натпревари на Ал Ахли оваа сезона, но минатата недела
се појавија изненадувачки вести кои велеа дека клубот од Џеда решил да му го
раскине договорот на Македонецот.

Официјална
потврда на ова се уште нема пристигнато, а во меѓувреме се појавија нови
шпекулации.

Последните информации
велат дека Ал Ахли сака да го искористи Езгјан Алиоски за да ги победи ривалите
во трката за потписот на талентираниот Мотеб Ал Харби.

Ал Ахли на Ал
Шабаб му го нуди Македонецот, плус 6 милиони евра. За услугите на Мотеб Ал
Харби интерес пројавуваат и Ал Наср на Кристијано Роналдо, и Ал Хилал на
Нејамр.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани