1,9K
Постои голем интерес од гигантите за Александер Исак, но во моментов тој е прескап, никој не може да си го дозволи.
Се шпекулира дека во моментов Њукасл својот напаѓач го проценува на 150 милиони евра.
Но, се пишува дека ако не се пласираат во Лигата на шампионите подготвени се да го продадат за 100 милиони евра. Тоа е веќе сума која би можела да биде интересна за дел од клубовите.
Арсенал, Ливерпул, Челси и Барселона се поврзуваат со 25-годишниот Исак.