Ако мислевте дека сте виделе сè: Преку 80.000 луѓе потпишаа петиција да се преигра финалето на СП!

by 24 фудбал
1 минути читање

Аргентинските навивачи не можат да се помират со поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство, па покренаа петиција со која бараат натпреварот да се одигра повторно.

Иницијативата на платформата Change.org ја започна Аргентинката Жизела Санчез, која смета дека словенечкиот судија Славко Винчиќ со своите одлуки директно влијаел врз конечниот исход на финалето. За само неколку дена петицијата собра повеќе од 80.000 потписи.

Во барањето до ФИФА се инсистира на темелна анализа на судењето на Винчиќ и повторување на финалниот натпревар, но шансите такво нешто да се случи се речиси непостоечки.

Светската фудбалска федерација досега не покрена никаква постапка против словенечкиот арбитер, ниту изрази сомнеж во неговото судење. Напротив, повеќе судиски аналитичари го оценија неговиот настап во финалето како многу успешен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×