77
Натпреварот го одбележаа немилите сцени на трибините кога домашните навивачи меѓусебно се тепаа поради што дуелот половина час беше во прекин.
А тоа што се случуваше на теренот, не беше во полза на македонскиот тим.
Прашањето за победникот беше решено уште во првото полувреме по кое Лехија имаше предност од 3-0 со два гола на Пиашао и еден на Зволински.
По 20 минути игра во второто полувреме Пиашао завери хет-трик за 4-0, а на десет минути пред крајот Јоковиќ постигна почесен гол за Академија Пандев.
На македонскиот тим во реваншот ќе му треба чудо за да ја помине првата пречка во Европа оваа сезона.
Единствениот гол на Академија Пандев: