Академија Пандев го сопна Шкупи, Струга повторно избега на +4

by
2 минути читање

Струга ТЛ не го
дава врвот во ПМФЛ, во 24. коло триумфираше против Работнички во Скопје со
минимални 0-1.

Херој на гостите
беше Малески, кој во 28. минута доби топка на пет метри и рутински ја затресе
мрежата.

Во корист им
одеше и резултатот на мечот помеѓу Академија Пандев и Шкупи, каде домаќините во
финишот се изборија за реми. Гостите и покрај тоа што играа со играч помалку,
поведоа во 31. минута преку Маргвелашвили.

Сепак, Академија
Пандев успеа повторно да го сопне актуелниот шампион на Македонија, и со голот
на Велиновски од пенал да стигне до 1-1.

На останатите
денешни натпревари, Силекс ја здроби Победа со 5-1, а Македонија ЃП славеше со
0-1 против Тиквеш во Кавадарци.

ПРВА ЛИГА, 24.
КОЛО:

Академија Пандев
– Шкупи 1-1 (0-1)

Велиновски 80 п.
– Маргвелашвили 30

Победа – Силекс
1-5 (0-2)

Јованов 47 –
Рамани 6, Серафимовски 44, Манасиевски 75, Ѓорѓиевски 90, 90+2

Работнички –
Струга ТЛ 0-1 (0-1)

Малески 28

Тиквеш –
Македонија ЃП 0-1 (0-0)

Фазли 68

УТРЕ

Скопје – Шкендија

Слободна е
Брегалница

ТАБЕЛА: Струга ТЛ
46, Шкупи 42, Шкендија 38 (-1), Силекс 38, Бргалница 32, Македонија ЃП 29,
Тиквеш 28, Работнички 24, А. Пандев 20, Скопје 14 (-1), Победа 13.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани