368
Стартуваше новата
фудбалска сезона во Македонија, на четирите денешни натпревари, домаќините
забележаа исто толку победи.
Во дербито на
колото, Акдемија Пандев го совлада актуелниот шампион Шкендија со 1-0.
Единствениот гол на мечот го постигна Сашко Пандев по десетина минути игра во
второто полувреме.
Со ист резултат,
Ренова го совлада Силекс, Шкупи со 2-1 триумфираше над Борец а новајлијата
Струга со 2-1 славеше во пресметката со Работнички.
Утре на
програмата е дуелот помеѓу Вардар и Македонија ЃП.