Агентот на Озил проговори за иднината на фудбалерот

by
1 минути читање

Во голем дел од сезоната Озил не беше стартер за Арсенал па се пишуваше дека тој ќе го напушти клубот по крајот на сезоната. Но неговиот агент вели дека фудбалерот сака да остане во клубот најмалку до истекот на неговиот договор, 2021 година.

„Преферирам да не зборувам јавно за ситуацијата на Месут, но последните шпекулации кои го поврзуваат со заминување од Арсенал ме натераа да разјаснам некои работи со цел да го завршиме ова и да се фокусираме само на фудбалот“, вели неговиот агент, Еркут Согут.

„Месут минатиот јануари потпиша нов договор бидејќи ја виде својата иднина во Арсенал и ништо не се променило од тогаш“.

„Тој сака да остане до крајот на неговиот договор а можеби и уште подолго од тоа“.

„Месут комплетно му е посветен на Арсенал, го сака клубот, ги дели истите вредности и не сака да оди на ниту едно друго место. Со гордост го носи дресот на Арсенал и го претставува клубот на теренот и надвор од него“.

„Многу сериозно ги прифаќа своите одговорности вклучително и тоа што е селектиран за еден од капитените оваа сезона, има одличен однос со своите соиграчи, стручниот штаб и фановите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани