Агентот на Дејвис откри зошто одолговлекувале за потпис или крај со Баерн

by 24 фудбал
1 минути читање

Алфонсо Дејвис на разочарување на клубовите кои го бараа да го доведет бесплатно на истекот на договорот, реши да остане и ја продолжи соработката со Баерн Минхен до 2030 година.

Канаѓанецот се споменуваше како најголем кандидат за стартен лев бек на Реал Мадрид од следната сезона. Агентот Недал Хусех потврди дека имало преговори со „кралевите“ како и уште два клуба, а објасни како е донесена одлуката.

Разговаравме со неколку клубови, а Реал Мадрид беше еден од нив, но на крајот не потпишавме ништо. Оставивме отворена врата за проценка и разгледување на опциите. Реал беше дефинитивно сериозна опција, разговаравме со нив, а на крајот донесовме одлука да останеме во Баерн. Секако со голема почит кон Реал кој е огромен клуб, на крајот моравме да донесеме одлука која не беше лесна бидејќи не бевме сигурни што ќе се случува со Баерн. Ги држевме опциите отворени. Во јануари разговаравме со три европски клуба. Останувањето во еден клуб подолго време не е лоша работта. Понекогаш пречестите промени на клубовите имаат лошо дејство на кариерите. Стабилноста може да биде добра опција“, изјави Хусех.

Досега од своето доаѓање во 2019 година Алфонсо Дејвис одигра 220 натпревари за Баерн Минхен, пет пати ја освои Бундеслигата, двапати Купот на Германија и еднаш Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани