АЕК би бил последната пречка за Серафимов и Левски на патот кон ЛШ!

by riste
1 минути читање

Денеска беше извршена ждрепката за плејфот за пласман во лигашкиот дел од Лигата на шампионите.

Никола Серафимов е единствен македонски претставник во оваа фаза од Лигата на шампионите. Тој со Левски има одлично лето во европските квалификации и ќе игра во групна фаза, прашање е само во кое натпреварување.

Денешната ждрепка им го донесе АЕК до кој ќе дојдат ако го минат Каират со кого играат во третото квалификациско коло.

Доколку загубат од Каират, ќе се префрлат во плејофот од Лига Европа, а доколку загубат ти таму ќе играат во лигашкиот дел од Конференциската лига. Тоа им е најцрното сценарио, кое и не е така црно.

Ако Црвена звезда го мине Хапоел Бер Шева, во плејофот ќе игра против Архус или Сабах. А, Динамо Загреб ако биде подобар од Жалгирис, ќе игра против Викинг.

Потенцијални плејоф двојки:
Левски Софија / Каират – АЕК
Селтик – ЛАСК
Динамо Загреб/Жалгирис – Викинг
Мјалби/Слован Братислава – Арарат/Цеље
Хапоел Бер Шева/Црвена звезда – Архус/Сабах
Фенербахче/Штурм Грац – Спарта Прага/Лион
Олимпијакос/НЕЦ – Унион Сен Жилоаз/БодоГлимт

Натпреварите од плејоф рундата ќе се играат на 18/19 и 25/26 август, а победниците ќе обезбедат место во лигашката фаза на Лигата на шампионите за сезоната 2026/27.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×