70
Адеми извесно време игра со болки во стомакот, а проблемот треба да го реши со операција. Нашиот репрезентативец се одлучил тоа да го направи сега.
Тоа значи дека тој ќе ги пропушти осминафиналните натпревари од Лига Европа меѓу Динамо Загреб и Бенфика, а многу веројатно нема да биде во комбинација и за стартот на квалификациите за македонската репрезентација.
Македонија на 21. март ја пречекува Летонија во Скопје, а на 24. март играме против Словенија во Љубљана.