Адеми не дозволи сензација на Шкупи во Скопје, Динамо Загреб оди понатаму (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По ремито во Загреб, Шкупи веруваше дека може да го комплетира изненадувањето во Скопје и да го елиминира фаворитот, но тоа не се случи.

На Арената „Тодор Проески“ во Скопје се собраа илијадници фанови на Шкупи кои му дадоа поддршка на својот тим, но на крајот разочарани се вратија дома, од резултатот, не и од играта на своите фудбалери.

Шкупи беше речиси рамноправен противник на Динамо Загреб во целиот тек на мечот, но едно невнимание на почетокот од второто полувреме го реши победникот на овој натпревар.

Клучниот момент се случи по неполни две минути игра во второто полувреме кога Адеми го најде патот до мрежата на Наумовски, постигна гол кој го однесе Динамо Загреб понатаму, а беше пресуден за Шкупи.

И покрај поразот, Шкупи денеска не го заврши настапот во Европа, тие продолжуваат во квалификациите од Лига Европа каде ќе се сретнат против Шамрок Роверс од Ирска.

Динамо Загреб во следното квалификациско коло од квалификациите во Лигата на шампионите ќе игра против Лудогорец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани