187
Челси создаде повеќе шанси, беше поактивен, но на крајот Борусија Дортмунд дојде до победата благодарение на Адејеми кој постигна фантастичен погодок.
По еден корнер на Челси, топката ја доби играчот на Дортмунд, Адејеми кој го претрча речиси целиот терен и постигна гол за победа од 1-0.
Бенфика со 2-0 славеше на гостувањето кај Клуб Бриж. Првиот гол падна од пенал по шест минути игра во второто полувреме. Стрелец на голот беше Жоао Марио.
Вториот гол за Бенфика се случи во 88. минута кога Нерес искористи голема грешка на домашната одбрана и ги постави конечните 0-2.