Миовски ланското лето дојде во Абердин и брзо го сврте вниманието кон себе откако даде 18 гола во својата деби сезона во Шкотска, а минатиот викенд ја отвори сметката во новата сезона. И низа клубови веќе покажуваа интерес, медумите лицитираа каде би можел да замине, но во Абердин се упорни – нема шанса за такво нешто!
„Никој нема да си замине, најмалку Миовски. Јас знам дека газдата и Бордот се решени да не продаваат и навивачите може да бидат мирни. Бордот е со цврст став за тоа, затоа одбивме ‘големи пари“ за два наши најдобри фудбалери. Тоа е добро, зашто фудбалот не е само бизнис за правење пари, туку има и нешто повеќе од тоа, на навивачите да им дадете екипа со која ќе уживаат и ќе бидат среќни. Затоа ние сакаме да градиме тим, а не да инвестираме само во играчи, кои потоа ќе ни донесат поголем приход“, рече Робсон.
Миовски неодамна ги постави своите цели да надмине оваа сезона над 18 гола колку што даде во изминатата, а со Абердин да има и успешна европска приказна.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.