Абердин одбил 1,8 милиони евра и проценти од следен трансфер за Миовски!

by
1 минути читање

Според информациите од Турција, Абердин имал шанса да заработи трипати повеќе од тоа што плати за да го донесе летоска Миовски. Понудата била 1,8 милиони евра чисти на сметка, плус бонуси и плус процент од следен трансфер. Но, шкотскиот клуб немал намера да се откаже така брзо од Миовски, а плус многу повеќе го проценува својот најдобар фудбалер од понудата која дошла од Истанбул, па понудата експресно била одбиена.

За Миовски зимоска имаше најави од Франција, дека Ремс сака да го купи, но без конкретна понуда освен најавите дека подготвуваат и до пет милиони евра за трансфер, а денеска излезе нова шпекулација во Шкотска, сега Саутемптон планира да го купи на лето, ама овој клуб прво ќе треба во тесната битка сезонава да обезбеди опстанок во англиската елита.

Исто така и Миовски наводно веднаш ја одбил понудата, зашто целите му се многу поголеми во кариерата од играње во турската Суперлига, особено што многу македонски репрезентативци од кои актуелните Езџјан Алиоски (Фенербахче) и Енис Барди (Трабзонспор) не се снаоѓаат најдобро.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани