Абердин го претстави Миовски со специјално видео, како голема ѕвезда (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Абердин неодамна го купи Миовски за 624.000 евра, тој стави потпис на четиригодишен договор, а сега им се приклучи на новите соиграчи на подготовките во Шпанија.

Шкотскиот клуб со специјално видео го прикажа приклучувањето на Миовски во тимот. Македонецот доби третман на ѕвезда.

Миовски е на подготовки со Абердин, но нема да се врати заедно со тимот во Шкотска, ќе треба да помине бирократки процес за да добие работна дозвола. Но од Абердин се уверени дека тоа позитивно ќе се заврши, само ќе биде потребно време за да се поминат сите процедури.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани