92
Весникот „А Бола“, пишува дека Спортинг Лисабон планира да го продаде македонскиот фудбалер, а една од главните причини за тоа се црените картони кои ги добива Ристовски.
Последниот беше против Тондела, Ристовски намерно удри противнички фудбалер и по прегледување на ВАР снимките доби директен црвен картон.
Доби два меча суспензија и доколку не биде усвоена жалбата на Спортинг сезоната за Ристовски е завршена, ќе го пропушти последното коло од Португалското првенство како и финалето од Купот на Португалија против Порто.
Спортинг Лисабон е отворен за понуди за Ристовски, се уште нема шпекулации кој би можел да биде идниот клуб на Македонецот, претходно тој беше желба на Лацио и Штутгарт.