ФИФА ги откри деталите за утрешната ждрепка за баражот за мундијалот во Русија

by
1 минути читање

Преку
квалификациите, 13 репрезентации од Стариот континент ќе се најдат на
мундијалот во Русија, и веќе се познати девет патници: Франција, Португалија,
Германија, Србија, Полска, Англија, Шпанија, Белгија и Исланд.

Уште четири
селекции ќе добијат билет преку баражот, за кој утре во Цирих ќе има ждрепка.

Имињата на Шведска,
Швајцарија, Северна Ирска, Република Ирска, Данска, Италија, Грција и Хрватска ќе
се најдат во топчињата.

ФИФА ги подели
овие репрезентации според последната ранг листа од октомври, па во ждрепката, Швајцарија, Италија, Хрватска и Данска како носители ќе бидат сместени во првиот
шешир, а Северна Ирска, Шведска, Република Ирска и Грција ќе се најдат во
вториот шешир.

Натпреварите од
баражот ќе бидат на програмата од 9 до 14 ноември.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани