Поради закажаното финале од Купот на Македонија кое ќе се одигра на 21 мај, Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за поместување на термините за одигрување на завршните кола во двете највисоки фудбалски лиги во земјава.
Последното, 33. коло од Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра во сабота, на 17 мај, со почеток во 17:00 часот.
Сепак, два од предвидените натпревари нема да се одиграат – мечевите помеѓу Воска Спорт и Шкупи, како и Вардар против Гостивар – бидејќи екипите на Воска Спорт и Гостивар се веќе дисквалификувани од натамошното учество во шампионатот.
Кога станува збор за Втората лига, последното 30. коло е закажано за следниот ден, недела, 18 мај, исто така со старт во 17:00 часот.
Фудбалската федерација ги потсетува сите клубови навремено да ги усогласат своите активности и подготовки со новоусвоените термини.
Фото: FK Sileks/FB