„Алкохол и журки до раните утрински часови“ – Сампаоли уште во 2015 ги предупредил Чилеанците дека ги чека неуспех

by
3 минути читање

Хорхе Сампаоли,
кој сега ја однесе Аргентина на мундијалот во Русија, од 2012 до 2016 беше на
кормилото на Чиле и им донесе триумф на Копа Америка во 2015.

Сега откако
популарните „Ла Роха“ не се пласираа на Светското првенство, медиумите пишуваат
дека стратегот уште во 2015 предупредил на неуспех.

Хорхе Сампаоли
имал неформален разговор со неколку новинари од Чиле, и побарал она што им го
кажува да не го пишуваат.

Но неговте
коментари сега се објавени, односно делот каде тој раскажува за непрофесионалното
однесување на одреден играчи.

„Артуро Видал
треба да се лечи

рекол Сампаоли. „Обожава да се пијанчи и не може да се контролира. Кога се
враќавме со авион од Лима, ме праша дали може да се напие едно пиво. Му кажав
не бидејќи со нас имаше официјални лица од федерацијата
.

„Но тоа не му
значеше многу, подоцна пиеше виски со уште неколку други играчи. Морав да го
отпуштам возачот кој го набавил вискито, иако знаев дека за се е виновен Видал
.

„Гери Медел сака
да излегува и да се забавува, но повеќе не пие алкохол
.

„Едуардо Варгас
секогаш кога ќе се врати во Чиле е полош од претходниот пат
.

„Маурисио Пиниња
мисли само на журки до раните утрински часови
.

„Алексис Санчез е
единствениот кој е примерен, но и тој има одредени мани. Осамен е со слушалките
на глава, и на доручек седи сам без да разговара со никого
.

„Клаудио Браво
само за пред медиумите изгледа дека е главен но тимот го водат други играчи
.

Во 2015 токму
Артуро Видал беше инволвиран во голем инцидент. Фудбалеот се забавуваше во
казино, а потоа пијан седнал зад воланот и го искрши своето Ферари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани