Италијански клуб сега е фаворит за Де Брујн , Пеп веќе избрал наследник

by Стефан
1 минути читање
Де Брајне

Белгискиот плејмејкер Кевин Де Брујн е на прагот на ново поглавје во својата кариера, а според најновите информации, најблиску е до трансфер во Наполи. Искусниот фудбалер веќе дал „зелено светло“ за започнување преговори со италијанскиот клуб, кој наскоро ќе го предводи Антонио Конте и има сериозни амбиции за напад на Скудетото.

За викенд, Де Брујн ќе го одигра своето последно финале со Манчестер Сити во ФА Купот, што ќе биде и негово збогување по деценија помината на „Етихад“. И покрај примамливите понуди од САД и Саудиска Арабија, Белгиецот чувствува дека сè уште може да игра на врвно ниво, а Наполи му нуди и шанса за трофеи и настапи во Лигата на шампионите.

Од друга страна вече пристигнуваат информации дека Пеп Гвардиола веќе размислува за наследник на Де Брујн. Доколку не успее да го донесе младиот германски талент Флоријан Вирц, стратегот на Сити ќе се насочи кон Италија, поточно кон редовите на Милан.

Голема желба на Гвардиола е холандскиот репрезентативец Тиџани Рејндерс, кој неодамна потпиша нов договор со „росонерите“. Иако договорот важи до летото 2030 година, Сити верува дека може да го убеди да ја промени одлуката, особено доколку Милан не обезбеди место во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×