Популарниот „Ел
Тигре“ го навлече гневот на Чилаенаците откако беше уловен од камерите како
разговара со Перуанците во финишот од мечот.
Многумина
веруваат дека Радамел Фалкао договарал средбата да заврши 1-1, резултат кој им
одговара на двете селекции но не и на Чиле. Колумбија со реми оди на мундијалот, Перу ќе игра бараж а популарните „Ла Роха“ ќе доживеат елиминација.
Од таборот на
Перу сега се огласија по обвинувањата дека натпреварот на некој начин е
наместен, Ренато Тапија открива за што разговарал со Радамел Фалкао.
„Во последните
пет минути ни пристапија Колумбијците, знаеа каква е ситуацијата на другите
натпревари“ – вели Тапија.
„Па го
менаџиравме дуелот онакако како што требаше…”
„Разговарав со
Радамел Фалкао, тој ми кажа дека со моменталниот резултат двете селекции се
пласираат понатаму… но ова е фудбал и секогаш играте за да победите”.
Falcao convenciendo a los defensores peruanos que el empate ya los favorecía a ambos (vía @PasoaPaso) pic.twitter.com/TmwuUl73db
— Pasión Fútbol (@PasionFutbolFC) October 11, 2017