Елиминацијата на
Чиле е топ тема низ медиумите, многу работи се свртеа против популарните „Ла Роха“.
Сите резултати од
последното коло од квалификациите беа против нив, а како погрешна се покажа и жалбата која минатата
година беше доставена до ФИФА и со која добија службена победа од 3-0 над Боливија.
Камерите исто
така го уловија Радамел Фалкао како договора со Перуанците средбата да заврши
1-1 за двете репрезентации да завршат на места кои водат до мундијалот, на
сметка на Чиле.
Веројатно весело
ќе биде и на тренингот на Арсенал, каде Алексис Санчез ќе има што да му каже на
својот тимски колега Давид Оспина.
Имено голманот на
Колумбија кумуваше на елиминацијата на Чиле со една неверојатна грешка.
При голот на
Гереро, напаѓачот изведе индиректен удар, и доколку Оспина не реагираше, голот
нема да важеше. Но голманот тргна да одбрани, ја допре топката, па домаќините
се радуваа на погодок.
На Алексис Санчез
сигурно нема да му се допадне реакцијата на неговиот соиграч од Емирати.
Guerrero’s goal by Peruvian TV.
Narrator: “Indirect free-kick, Paolo!
He takes it… GOAL!
He (Ospina) touched it!
He touched it!” pic.twitter.com/ihNUlVRT3W— FlamengoENG(@FlamengoENG) October 11, 2017