Маестрална партија на Меси за пласман на Аргентина на Светското првенство (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Натпреварот почна шокантно за Аргентинците, по една убава акција Ибара уште во првата минута носи водство за Еквадор од 1-0.

Но, Аргентина брзо се врати во мечот, во 12. минута одлично двојно проигрување помеѓу Меси и Ди Марија кое го реализира Лео за изедначување на 1-1.

Осум минути подоцна, Меси одзема една топка и со убав шут направи комплетен пресврт за водство на Аргентина од 2-1.

Сите дилеми околу натпреварот беа решени во 62. минута кога Меси постигна фантастичен гол за победа на Аргентина од 3-1.

Најголемиот губитник од квалификациите во Јужна Америка е Чиле кој по синоќешниот пораз од 3-0 од Бразил заврши на шестата поизиција. Два гола беа дело на Габриел Жесус, еден на Нејмар.

Уругвај со 4-2 ја победи Боливија, Перу и Колубија одиграа нерешено 1-1, Венецуела со 1-0 славеше на гостувањето кај Парагвај кој со победа ќе играше бараж.

Конечна табела од квалификациите во Јужна Африка:

1. Бразил 41

2. Уругвај 31

3. Аргентина 28

4. Колумбија 27

5. Перу 26

6. Чиле 26

7. Парагвај 24

8. Еквадор 20

9. Боливија 14

10. Венецуела 12

Првите четири селекции одат директно на Светско првенство, петтиот игра бараж.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани