„Пеле, Марадона… и Гунарсон“ – селекторот на Исланд не може да поверува дека одат на светско

by
1 минути читање

Исланд испиша
нови страни во фудбалската историја откако по вчерашната победа од 2-0 над
Косово обезбеди настап на СП 2018.

„Рибарите“ станаа
најмалата земја која некогаш обезбедила учество на Светските првенства, Исланд
има популација од околу 335.000 жители.

Селекторот,
Хејмир Халгимсон, кој работи како забар кога нема фудбалски обврски, не можеше
да поверува како успех постигнале и остана без зборови.

Ова е навистина
чудно, не знам што да кажам. Одиме на светско, Пеле, Марадона… и Арон Еинар
Гунарсон
– рече Халгимсон по последниот свиреж на судија, мислејќи на капитенот на репрезентацијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани