Сандро Тонали, моторот во средниот ред на Њукасл, би можел идното лето да се врати во Италија!
Според последните информации, Јувентус го ставил италијанскиот репрезентативец на врвот на листата на желби, но трансферот нема да биде лесен. Њукасл за својата ѕвезда бара дури 80 милиони евра, сума што „старата дама“ тешко може да ја плати во готово.
Торинскиот гигант има план да ја намали цената со понуда за размена на играчи. Прв на листата за трампа е српскиот голгетер Душан Влаховиќ, но овој трансфер зависи од потенцијалното заминување на Александер Исак, за кого сериозно се интересира Арсенал. Доколку овој план пропадне, Јувентус е подготвен да го понуди Даглас Луиз како дел од зделката.