Анчелоти пред четвртфиналето: Реал ќе ја освои ЛШ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид гостува кај Арсенал во рамките на четвртфиналето во Лигата на шампионите за првиот дуел од двомечот.

Карло Анчелоти на средбата со медиумите даде интересна изјава. Меѓу другото, тој доби прашање дали Реал ќе биде шампион, на што Италијанецот одговори потврдно.

Храброст, карактер, мотив и давање максимум, ќе се обидеме да го одиграме подготвеното. Мислам дека добро се припремивме за мечот. Имаме противник кој прави многу работи добро, притисок, посед… Арсенал е многу опасен од прекини, ќе мора да ги одбраниме многу добро. Сепак, штета можеме да нанесеме и ние. Прекините ќе бидат важен аспект.

Мислам дека Реал ќе ја освои Лигата на шампионите, во спротивно немаше да бидам тука туку ќе размислував за одмор. Мора да се обидете, а ако успеете да победите веќе размислувате за следната сезона“, изјави Анчелоти.

Натпреварот на „Емирати“ меѓу Арсенал и Реал Мадрид се игра вечерва во 21:00.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×