Динамо Загреб е далеку од одбрана на титулата во Хрватската прва лига, а поразот на гости кај Истра (3-0) е голем удар.
По убедливиот пораз коментар за одиграното даде тренерот Фабио Канаваро. Италијанецот нагласи дека ако можел, ќе ги сменел сите 11 играчи на полувреме.
„Идејата беше нешто да смениме, ако можев на полувреме ќе ги сменев сите 11 играчи, а не само три. Сакавме промена, меѓутоа потоа примивме и втор, па и трет гол. Секогаш истите грешки, штета…
Знаевме дека ќе биде тешко, од почетокот се обидовме да притиснеме, ама имавме страв. Секогаш наоѓаа играчи меѓу своите линии. Играа подобро од нас, беа подобар тим и им честитам. Штета е бидејќи моравме да играме подобро на овој меч, голема штета“, изјави Канаваро.
По 28 одиграни натпревари Динамо има осум бода помалку од Хајдук. Борбата за одбрана на трофејот за „модрите“ во моментов не оди добро, а голема е веројатноста дека ќе бидат детронизирани.