Белами: Очекував Македонија да биде повеќе агресивна, доминиравме цел натпревар

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата на Македонија вечерва беше пред победа против Велс, но по голот на Бојан Миовски во 91. минута, Велс дојде до израмнување во последните секунди од натпреварот.

Селекторот на Велс, Крег Белами по натпреварот не криеше дека е разочаран што неговиот тим не освоил ти бода.

„Во последните шест минути не сакав да го гледам резултатот. Чувствував дека цело време сме подобар тим и до крајот бев убеден дека не е завршено, кога постигнавме гол премнгу ми олесна. Сепак, исто така разочаран сум и што не освоивме три бода. На крај можеби ова ќе се покаже дека е драгоцен бод, иако според играта требаше да освоиме три бода. Но, ова е еден голем натпревар и не е секогаш како што очекувавте, сепак ќе повторам според тоа што го прикажавме на теренот, требаше да освоиме три бода“, смета селекторот на Велс.

Белами не верува дека Македонија може да ја изненади Белгија во следните натпревари.

Не сум баш сигурен, Белгија има квалитен тим, очекував денес Македонија да биде повеќе агресивна. Ние бевме подобар тим од почетокот до крајот и поради тоа ми е криво што не победивме. Доминиравме, но таков е фудбалот“, одговори Белами.

Македонија и Велс по две кола во групата од квалификациите имаат четири бода, со тоа што Белгија поради настапот во Лигата на Нации го пропушти овој циклус. Казахстан има три, Лихтенштајн е без бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани