Eвропскиот шампион се извлече: Реал Мадрид преку пенали до четвртфинале во ЛШ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид по изведувањето на пенали се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Многу брзо Атлетико по само 27 секунди го отвори резултатот и така ја анулираше предноста на Реал Мадрид од првиот натпревар. Стрелец на голот беше англискиот фудбалер Конор Галагер.

Во продолжение од првото полувреме Атлетико беше подобар противник, додека Реал не успеваше сериозно да се закани.

Второто полувреме донесе слична слика на теренот, но најголемата прилика за гол ја пропуштија избраниците на Карло Анчелоти.

Килијан Мбапе тргна кон голот на Јан Облак кога беше срушен од зад грб, а судијата Марчињак оправдано покажа на белата точка во 70. минута од средбата.

Одговорноста ја презема Винисиус Жуниор кој шутираше лошо над голот.

Во продолжение до истекот на регуларните 90 минути, но и во продолженијата не видовме посериозни прилики, па резултатот не се промени и победникот го решаваа пеналите.

Поуспешни во пенал серијата сепак беа фудбалерите на актуелниот европски шампион. Прво ВАР собата го понишити голот на Алварез поради два допири со топката, потоа Облак го одбрани ударот на Васкез, но за Атлетико промаши и Љоренте кој погоди пречка. Одлучувачкиот пенал за Реал го реализираше Рудигер.

Во четвртфиналето Реал Мадрид го чека дерби против Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Арсенал и Астон Вила нови четвртфиналисти во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Како и што се очекуваше Арсенал и Астон Вила се новите четвртфиналисти во Лигата на шампионите.

Арсенал во првиот натпревар славеше победа над ПСВ од 7:1, па поради тоа реваншот беше само формалност. Денеска на „Емирати“ немаше победник и средбата заврши 2:2.

„Топџиите“ први дојдоа до водство со голот на Украинецот Зинчеко по само шест минути игра. ПСВ возврати преку Перишиќ во 18. минута.

За Арсенал да има предност на полувреме се погрижи Даклан Рајс во 37. минута. Во вториот дел видовме само еден погодок и го постигна Дриуоч за 2:2.

Арсенал во четвртфиналето ќе се соочи со подобриот од натпреварот помеѓу ПСВ и Арсенал каде што се играат продолженија.

Во вториот натпревар Астон Вила по победата од 3:1 во првиот натпревар вечерва славеше и со 3:0 за со вкупни 6:1 да го елиминира Клуб Бриж. Премиерлигашот во четвртфиналето го чека тешка задача бидејќи се соочува со Пари Сен Жермен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Не бил трансфер во прашање: Откриено што разговарал Ван Дајк со Ал Келаифи и Кампос

by Стефан
1 минути читање

Oткако Пари Сен Жермен го елиминираше Ливерпул од Лигата на шампионите по изведувањето на пенали, капитенот на „црвените“ Вирџил Ван Дајк беше забележан во разговор со претседателот на францускиот гигант Насер Ал Келаифи и спортскиот директор Луис Кампос.

Сега е откриено за што се разговарало. Претходно се пишуваше дека тема бил потенцијалната преселба на Ван Дајк во Париз на крајот од сезоната, но тоа не било случај.

Наводно Ван Дајк сакал даа се извини за своите коментари од првиот натпревар кога ја критикуваше Лига 1.

Тогаш Ван Дајк забележи дека Кампос се жали на судењето и му дофрли: Не е ти е ова Лига 1.

Ван Дајк освен извинувањето до челниците на ПСЖ и го пофали францускиот гигант изјавувајќи дека за него тие биле најдобриот тим против кој играле во последните три сезони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Реал доби пенал, Винисиус го изведе – катастрофално! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Атлетико Мадрид и по 70 минути игра на „Ванда Метрополитано“ има предност од 1-0 против Реал Мадрид, а голема прилика за израмнување пропушти Винисиус Жуниор.

Килијан Мбапе изнуди пенал за својот тим и одговорноста ја презема Винисиус, но бразилската ѕвезда најстрогата казна ја изведе катастрофално лошо и шутираше над голот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Футсал репрезентацијата на Македонија поразена од Андора

by Стефан
1 минути читање

Македонската футсал репрезентација претрпе уше еден разочарувачки пораз и вечерва загуби на гостувањето кај Андора со 2-1.

Првото полувреме мрежите мируваа, а Андора првата голема прилика за водство ја пропушти на стартот кога Регало не реализираше пенал.

Сепак истиот играч само две минути подоцна се запиша во листата на стрелци. Македонија брзо возврати и израмни преку Тодоровски.

Но, Блат се погрижи за победа на домашниот состав.

Македонија во квалификациите за Европското првенство е во серија од четири порази откако во првото ремизиравме токму со Андора дома 1:1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани