Карагер: Победата на Ливерпул против ПСЖ е еден од најголемите грабежи во историјата

by riste
1 минути читање

Легендата на Ливерпул кој сега е фудбалски критичар, Џејми Карагер вели неговиот поранешен тим не ја заслужил победата во Париз.

Францускиот првак имаше 71% посед на топка, упати 27 удари кон голот, изведе 14 коренери, а Ливерпул со само еден шут на мечот дојде до победата, преку Елиот во 87. минута. Навивачите на англискиот клуб се пресреќни од ова сценарио, но легендарниот стопер на овој тим Џејми Карагер е чесен и призна дека можеби Ливерпул незаслужено стигнал до триумфот.

„Ова е еден од најголемите грабежи во историјата на фудбалот. Не можам да верувам што видов, ПСЖ беше чудесен и целосно го надигра Ливерпул. Изданието на Алисон беше можеби најдобро во неговата кариера, а секако најдобро во дресот на Ливерпул. Ако ја освојат Лигата на шампионите, неговиот настап ќе се памти со години“, рече Карагер.

Идната недела на домашен терен Ливерпул треба само да ја сочува предноста, а ако помине во следната рунда, најверојатно ќе игра со Астон Вила која со 3-1 го победи Бриж на гостински терен во првиот осминафинален меч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани