805
Фенербахче по налог на Жозе Мурињо е во преговори со Манчестер Сити за трансфер на Матео Ковачиќ во летниот преоден рок.
Хрватскиот фудбалер е еден од играчите на Манчестер Сити кои ќе си заминат по крајот на сезоната.
Мурињо ја прати ситуацијата и веќе реагира, сака да го искористи моментот и да го донесе Ковачиќ во Фенербахче.
Жозе Мурињо ги сака фудбалерите од овие простори, за Фенер веќе играат Џеко, Тадиќ, Ливаковиќ и Костиќ, ангажман на Ковачиќ само ќе ја зголеми колонијата на екс-ју фудбалери во турскиот тим.