Манчестер Сити доби ново засилување, конечно пристигна талентираниот Аргентинец!

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Сити доби опција плус за финишот на сезоната во Премиер лигата, бидејќи во клубот конечно пристигна Клаудио Ечевери.

Талентираниот Аргентинец беше откупен од Ривер Плејт минатата зима за 18,5 милиони евра, меѓутоа остана на едногодишна позајмица. Сега тој пристигна во Манчестер и беше презентиран во новиот клуб, а веднаш му се стави на располагање на тренерот Пеп Гвардиола.

Откако ја заврши својата етапа во Ривер, изминатиот месец Ечевери беше со репрезентацијата на Аргентина до 20 години на шампионатот на Јужна Америка, ја завршија групата на второто место и се пласираа на Светското младинско првенство.

Ечевери може да дебитира за „граѓаните“ уште в сабота против Плимут во ФА Купот. Тој ќе биде регистриран и за настапите во Премиер лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×