Реал Мадрид вечерва без Мбапе!

by Стефан
1 минути читање

Килијан Мбапе нема да биде во комбинација за настап кај Реал Мадрид за вечерашното полуфинале против Реал Сосиедад.

Имено, Французинот имал лекарска интервенција, односно извадил заб, па Анчелоти одлучил да го поштеди.

Напаѓачот наводно чувствувал болки и италијанскиот стратег не сакал во таква состојба да го испрати на теренот.

Освен Мбапе, Реал Мадрид вечерва ќе биде без Тибо Куртоа и Федерико Валверде. На голот за овој натпревар повикан е Украинецот Андреј Лунин, а тука се уште Кема и Гонзало Гарија од „Б“ тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани