Кристал Палас ја прегази Астон Вила, победи за Брајтон и Фулам (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Во Премиер лигата денеска и утре се играат натпревари од 27. коло.

Брајтон на свој терен ја продолжи добрата форма и го совлада Бормут со 2:1. Домаќините стигнаа до водство со голот од пенал на Жоао Педро, додека кЛајверт во 61. минута донесе израмнување.

Победата за Брајтон ја обезеди Дани Велбек на 15-тина минути до крајот.

Најголемо изненадување во натпреварите од овој термин приреди Кристал Палас кој со 4:1 ја совлада Астон Вила. Победата за домаќините ја најави Сар по половина час и тоа беше единствениот гол во 29. минута. Роџерс по шест минути игра во вториот дел израмни, но веќе во 59. минута Матета ја врати предноста на Кристал Палас.

Втор гол за водство од 3:1 на Кристал Палас постигна Сар, а конечните 4:1 ги постави Нкетиа.

Во третиот натпревар од 20:30 часот Фулам славеше победа од 1:2 на Вулверхемптон. Стрелци за гостите беа Сесењон и Муниз, а погодокот на гостите беше дело на Жоао Гомеш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×