482
Досегашниот асистент на Ќатип Османи, Меритон Гега стана главен тренер на Струга, засега е назначен како привремено решение.
Гега кој ја водеше Струга во последните три кола од минатата сезона и ја однесе до титулата, ќе го води тимот и на куп натпреварот против Гостивар.
Тој е назначен за привремен тренер, а дали ќе остане и како трајно решение ќе се знае по утрешниот дуел со Гостивар.
Струга ги загуби шансите за одбрана на титулата во домашното првенство, па во Купот на Македонија ја гледаат шансата за излез на европската сцена.