Манчестер јунајтед одвоил 4,1 милион фунти за отказот на спортскиот директор Дин Ешфорт, кој само пет месеци беше на оваа позиција.
Откако Сер Џим Ратклиф стана ко-сопственик на Манчестер јунајтед, најбогатиот Британец удри на кратење трошоци и избрка 250 вработени од клубот.
Се најавува нов бран на отпуштања и нови 200 луѓе кои ќе останат на улица.
И токму во овој период беа обелоденети бројките од финансискиот извештај, кои покажуваат дека се фрлени милиони во вода.
Манчестер јунајтед одвоил 4,1 милион фунти за отказот на спортскиот директор Дин Ешфорт, кој на оваа позиција беше само 5 месеци.
Одредени извори пренесуваат дека трошокот е многу повисок, односно изнесува над 10 милиони фунти, ако во предвид се земе и сумата која Манчестер јунајтед му ја платил на Њукасл како обесштетување.
„Ѓаволите“ исто така исплатиле над 10 милиони фунти за предвремениот раскин на договорот на тренерот Ерик тен Хаг и неговиот персонал.