Модриќ го тешеше Гвардиол, младиот стопер му признал: Не прегазивте!

by bojan
1 минути читање
Модриќ

По крајот на синоќешниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, Лука Модриќ беше забележан во друштво на сонародниците Јошко Гвардиол и Матео Ковачиќ.

„Кралевите“ ја добија и втората пресметка против Манчестер Сити во плеј-офот во Лигата на шампиони, вчера Реал Мадрид славеше со 3-1 и обезбеди осминафинале.

По крајот на натпреварот, Лука Модриќ беше забележан во друштво на сонародниците Јошко Гвардиол и Матео Ковачиќ, тројцата репрезентативци на Хрватска седеа на скали во поттрибинскиот простор на „Бернабеу“.

Како што пренесува мадритскиот портал „Дефенса Сентрал“, Лука Модриќ го тешел Јошко Гвардиол, кој пак искрено му признал: „Не прегазивте!“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×