Eкипата на Манчестер сити со вчерашниот пораз од Реал Мадрид во плеј-офот за осминафиналето го заврши настапот во Лигата на шампионите.
Пеп Гвардиола немаше решение за Реал Мадрид кој беше подобар во двата дуели и на крајот заслужено се пласираше во следната фаза.
Поразот го призна и Пеп Гвардиола.
„Победи подобриот тиме, Реал беше подобар и заслужи да оди понатаму. Сезонава не бевме доволно добри и го чувствувам тоа. Во претходните години бевме подобри во натпреварите против Реал Мадрид, но сега тоа не беше случај. Сезонава беа подготвени повеќе да ја држат топката, динамични се и добри кога се под пресинг. Мораме да ја прфатиме елиминацијата“, изјави Пеп.
Новинарите го прашаа и дали ова е крај на успешната ера на Манчестер сити?
„Веројатно да, ништо не е вечно во фудбалот. Немам што да замерам на моите фудбалери, беа неверојатно. Реал кога игра во Лигата на шампионите секогаш е фаворит за трофејот, но и сезонава има други силни екипи како Ливерпул, Барселона, ПСЖ…Пред нас се уште многу натпевари сезонава и ќе се обидеме да победиме во ФА Купот и да бидеме во топ четири на крајот од сезоната во Премиер лигата“, изјави Гвардиола.