Антони Сантос или попознат само како Антони беше еден од најкритикуваните фудбалери во последните години. Причината за такво нешто беа неговите натапи во дресот на Манчестер Јунајтед, по скапиот трансфер од Ајакс.
Сепак, по заминувањето од „Олд Трафорд“ бразилскиот крилен напаѓач живна и во Бетис буквално блеска. Во денешната победа од 3-0 над Реал Сосиедад, Бразилецот беше еден од најдобрите играчи на теренот.
Антони во првиот дел изнуди пенал кој Ло Челсо не го реализира. Потоа во 51. минута го отвори резултатот со убав волеј, а потоа асистира еден од двата гола на Марк Рока. Вреди да се напомене дека Сосиедад го заврши мечот со двајца фудбалери помалку.
Insane goal by Anthony, la liga fans should we be scared?
— Anabella💙❤️ (@RaphinhaEra111) February 16, 2025
pic.twitter.com/PBsPO9eu4a
Многу интересно е дека по заминувањето од Јунајтед на четири одиграни натпревари Антони постигна три гола, на три меча во низа. Од друга страна, Манчестер Јунајтед на трите натпревари во Премиер лигата по неговото заминување даде само еден…